Стефан Гајдов - стожер на македонската музичка култура

 По повод дваесет години од неговата смрт 1905 – 1992 – 2012 

 

Јелица Тодорчевска

 

/images/st_magazine/portreti/sgajdov1.jpg

        Историјата на музиката во Македонија на своите страници ја има забележано најмаркантната личност во областа на музичката  професија, Стефан М. Гајдов (1905 - 1992) музички педагог, диригент, композитор и музички деец.

Животниот пат на Стефан М. Гајдов започнал на 26 мај (ст.сил), односно 8 јуни 1905 г. кога се родил во Велес во фамилијата на столарскиот  работник Милан и мајка му, песнопојката Евгенија, која ја создавала  ведрата  страна  на животот  на своето  скромно семејство. Покрај својот столарски занает, Милан Гајдов свирел на повеќе народни  музички инструменти, кои што постојано  ја поттикнувале љубопитноста на малиот Стефан. Иако во опширната  биографија на Стефан М. Гајдов,  постојат податоци дека  уште на девет години веќе свирел на хармоника  и потоа на мандолина, а дека нотното писмо го учел од Илија Настов, завршениот богослов на Цариградската богословија, вистинското образование го добил кога станал ученик на Гимназијата во Велес. Професорот по музика, Стеван М. Шијачки (1885 - 1956), во 1922 година ја почувствувал големата љубов и талент за музиката кај Стефан М. Гајдов, што било причина да му советува школување на Музичката  школа во Белград. Благодарејќи на изразената професионалност на Ст. Мил Шијачки, младиот Стефан, не само што започнал да учи пијано, но застанал да диригира и со хорот на Гимназијата во којашто учел, на 3 март 1922 година. Но, во есента на истата 1922 год. Стефан Гајдов формирал и Градски оркестар наречен „Гром“, со којшто диригирал и на  јавни приредби во градот Велес, во текот на 1922 - 1924 година.

 

/images/st_magazine/portreti/gajdovmando.JPG

Гајдов со мандолина

Стефан М. Гајдов е првиот Македонец, што своето музичко школување  го завршил во Српската музичка школа (денеска „Стеван Мокрањац“) во текот на три учебни години, односно од 1926 до 1929 година со одличен успех. Неговите знаења што ги покажал на Наставно - теоретскиот отсек, ги вреднувале угледните професори на тоа време  како што се: Др. Милоје Милојевиќ, Коста Манојловиќ, Јосип Штолцер – Славенски и др. Во 1929 година е примен за член на Здружението на композиторите на  Југославија (УЈМА = Удружење  југословенских  музичких аутора - Белград), каде што ги пријавил и своите неколку композиции.  

/images/st_magazine/portreti/gajdovucenici.JPG

/images/st_magazine/portreti/gajdovdiploma.JPG

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Од денот кога Стефан М. Гајдов станал професионален музичар во 1929 година, започнува неговата кариера како музички педагог, хорски диригент, композитор и музички деец, се до неговото пензионирање во 1970 година.

Мошне богат е неговиот животен пат, бидејќи се одвива во два политички режими и во една светска војна – Втората светска војна во која го сочувал својот живот, благодарејќи на својата аполитичност и  музичка професија. Но, вистинскиот подем како личност, Стефан М. Гајдов го доживеал по завршувањето на Втората светска војна во Скопје, кога се создавала македонската држава, Демократска федеративна Република Македонија, во рамките на Демократска Федеративна  Република Југославија (подоцна СФРЈ). 

Во светската  историја на музиката на Европа, има композитори за кои, за да се согледа нивната вистинска творечка инспирација, богата  креативност и многуброен опус, од дела посветени на различни  музички жанрови, најдобро е секогаш да се споменат во бројки. Обично тоа се прави за композиторите Јохан Себастијан Бах, Георг Фридрих Хендел, В. А. Моцарт, Ј. Хајдн  и други, а ние во Македонија го правиме истиот  потег, но за Стефан (Милан) Гајдов.

Анализата на музичките ракописи и печатени дела од Стефан М. Гајдов, покажа дека тие се 568 наслови, коишто припаѓаат, според изведувачкиот корпус и  жанр, на 18 групи на дела. Повеќето од неговите дела се веќе печатени, особено оние што во неговото време се наоѓале на концертниот репертоар на  хорските ансамбли и на репертоарот на музичките уметници.

Во основа тие дела се за: пијано, оркестар, хор, соло песните, камерна, музика за филм, музика за театарски претстави и учебниците по предметот „Музичко воспитување“, односно Нотно пеење.

Монографијата за Стефан М. Гајдов (што е во подготовка), ќе го прикаже во детали овој драгоцен опус, бидејќи низ Хронолошко - тематскиот  опис на делата, ќе биде презентирано се она што се однесува на секое дело посебно. Но, она што е посебно значајно е тоа, дека низ  делата на Стефан М. Гајдов, се чувствува стилот на Стеван Ст. Мокрањац, (особено во хорскиот слог), богатата хармонска подлога и мошне развиена агогика за изведбите, како и лесно приемчива мелодиска линија за изведувачите. Овие карактеристики за творештвото  на Стефан М. Гајдов се логични, бидејќи музичката наука ја учел кај следбениците на Мокрањчевиот стил на компонирање (освен кај Ј. Штлцер - Славенски), бидејќи тоа е во суштина српскиот национален стил на компонирање во тоа време. Од друга страна, времето во кое создавал Стефан Гајдов, е време на формирање на многубројни хорски ансамбли, не само  во режимот на Кралството Југославија, туку и подоцна, по Ослободувањето, од 1945 година наваму, кога повторно се во подем на формирањата хорските ансамбли низ цела Република Македонија.

 

 

/images/st_magazine/portreti/gajdovpesme2.JPG

 /images/st_magazine/portreti/gajdovpesme1.JPG

 

 

Слободарската еуфорија од македонските културни дејци, бараше  добри диригенти, добри учители по музика, по музички инструменти, добри музички педагози, основање на Македонска оперска куќа и основни музички училишта. Исто така, новото време побара од музичарите и основање на музички здруженија (музички педагози, музички уметници, фолклористи, здружение на композиторите на Македонија) концертна дејност, музички критичари и тн.

Стефан М. Гајдов, е присутен секаде, заедно со Трајко Прокопиев, Аспарух Хаџи Николов, Тодор Скаловски, Петре Богданов -  Кочко  и многу други. Токму поради оваа политичка состојба во Македонија, Стефан М. Гајдов бил:

ДИРИГЕНТ на 12 хорски ансамбли (1930 - 1962) во   Велес, Вуковар, Белград, Скопје.

ПРОФЕСОР на 13  музички предмети (во Средната   музичка школа  во Скопје (1946 - 1955) и во Десетгодишното  музичко училиште во Скопје 1955 - 1970)

Професор по предметот  пеење  и водење на хорови    во Гимназиите во Велес, Вуковар и Скопје.

УЧЕБНИКАР на 13 учебници по предметот Музичко воспитување печатени во текот на 1951 - 1963 година.

МУЗИЧКИ  ДЕЕЦ  - претседател на  неколку професионални музички здруженија, Друштвото  на  композиторите на Македонија (1956, 1959, 1960, 1961)

ДИРЕКТОР на Операта при Македонскиот народен театар во Скопје, (1951 - 1952) како и на Десетгодишното музичко училиште  во Скопје (1955 - 1970)  

За богатата дејност што Стефан М. Гајдов ја оствари во текот на својот професионален живот, добитник е на следниве НАГРАДИ:

 

/images/st_magazine/portreti/gajdovnagradi.JPG

 

1949 - Награда за композицијата „Мамо  главата ме боли“- за мешан хор

1950 - Награда на Владата на НРМ - за диригирање

1951 - Награда за хорска дејност од Владата на НРМ

1954 - Награда „Стеван Мокрањац“ од Сојузот на композиторите на Југославија, за „Копачите“ - за мешан хор

1958 - Награда за Учебникот по нотно пеење - за петто одделение (1958)

1970 - Награда за животно дело „11 Октомври“

1980 - Награда „С. Климент Охридски“ за целокупната дејност на музичкото поле во Република Македонија

 

ОРДЕНИ:

 

Орден на трудот од трет степен (1949)

Орден на трудот со златен венец (1966)

Педагошко признание: Педагошки советник (1961)

1949 - 1980 - добитник е на многубројни признанија и пофалници  за неговата  дејност.

 

ПРИЛОЗИ:

 

Дела  од Стефан М. Гајдов  во  Фонотеката  на Македонската  Радио Телевизија: 

Од богатиот  творечки опус  на Стефан  М. Гајдов,  во  Фонотеката  на Македонската  радио-телевизија  се наоѓаат снимени (само) 105 минути,  изведени во  неколку верзии снимени се  вкупно 28 дела  од Стефан М. Гајдов.

Од делата за хорска  изведба  под  диригентство  на Драган Шуплевски и Хорот на Радио - Скопје снимени се следиве дела:

 

1) „Горице  ле лијанова“;

2) „Ејди Недо“;

3) „За  Титов план“ (во две изведби);

4) „Леле Јано“;        

5) „Момиче мало ѓаволо“;

6) „Песна  за  Делчев војвода“;     

7) „Петлите пејат“;

8) „Ти, Сенче“; - сите  за  мешан хор.

9) „Момиче мало ѓаволо“; „Што ми е мило“;

10) „Две народни“ - за мешан хор, со Хорот на МРТ Диригент  Александар Лековски

 11) „Калеш  бре Анѓо“;

 10)„Момиче мало, ѓаволо“- две    снимки, со Студентскиот хор на АКУД „Мирче Ацев“ – Скопје Диригент Томислав Шопов

12) „Гора и јунак“ Диригент Тодор Скаловски и Хорот на РТС

13) „Ејди Недо“ е снимена под диригентство на Тоде Радевски и Хорот на Просветните работници - Скопје

14) „Млад Илија иде“ снимена со Хорот „Јордан  Константинов - Џинот“- од Велес, дир. Предраг Петров.

15) „Слобода“ - тригласен хор .Дир. Запро  Запров, Кирил Спасов и А. Попов.

 16) „Зададе  се“ - за женски  хор. Дир. Љубомир Трифуновски и Женскиот хор  на КУД „Стив Наумов“ - Битола.

 

Од другите  дела  на Стефан М. Гајдов снимени се уште:

 

17) „Скерцо“ -  за флејта и пијано (во три изведби) со Никола Атанасов - флејтист и Лилјана Иванова- пијано - придружба  како и со флејтистот  Киро Божиновски и Л. Иванова.

18) „Народна песна“ - за флејта и пијано снимена е во  изведба на  Киро Божиновски и пијано придружба на Ладислав Палфи

19) „Фантазија“ - за флејта и пијано е снимена со Никола Атанасов и пијано придружба од Ладислав Палфи

20) „Сонатина“ - за бас и пијано Георги Божиков и пијано придружба Л. Иванова           

21) „Врапчова молба“ - за алт и пијано. Ана  Липша - Тофовиќ и пијано придружба од Л. Иванова

22) „Токата InES“ -  за пијано Валериј Стефановски

23) „Гудачкиот квартет“ - Гудачкиот квартет на МРТ - Скопје

24) „Кончертино“ - за гудачи Камерниот  оркестар на РТС, диригент Ангел Шурев

 

За Редакцијата  на народна  музика  се снимени делата:

 

25) „Ај, што ти текна што побегна“ - за машка вокална група и народен оркестар, во изведба на Народниот оркестар  на Радио Скопје.

26) „Мори моме, малој моме“ - за машка вокална група и народен оркестар, во изведба на Народниот оркестар на   Радио - Скопје.

27) „Што ми е мило, ем драго“ - за машка вокална група со народен оркестар, во изведба на Народниот оркестар на Радио Скопје.

28) „Бог да бие невестата“ - за машка вокална група и народен оркестар, во изведба на Народниот оркестар на Радио - Скопје.

 

Во Фонотеката на Радио - Скопје се наоѓаат десет радио емисии, посветени на Стефан М. Гајдов во траење од 302 минути.

 

Тука се радио - циклусите под наслов: „Траги во времето“, „Сведоштва“, „Историски фокус“, „Од нашиот незборав“ и „Творечки  погледи“, подготвени од композиторите Димче Николески и Валентина Велковска и новинарите  на Радио Скопје Ташко Саров и Нада Галевска, емитувани  во текот на: 1969, 1982,   1985, 1990, 2000, 2001, 2002 и 2005.

Исто така снимени се два телевизиски портрета на Македонската  телевизија,  посветени  на  животот  и делото на Стефан М. Гајдов (1972 и 1988 година) во траење  од 170 минути.

 

Библиографија на статии  од Стефан Гајдов :

 

- Дискусија по исполнувањето на народните песни, преку Радио Скопје. - Скопје,сп.Културен живот, год.21950, 7 април, бр.7, стр. 4.

- Каква  програма имаше по музичко воспитување. - Скопје, в-к Просветен работник,год.14, 15 дек.1968, бр. 301,стр.7. (Полемика  со Ѓ.Смокварски)

- Кој е виновен : наставната програма или составувачите? Отворена трибина. - Скопје, в-к Просветен работник,год.16, 15 и 30 септ.1969, стр.315, стр.7. (Полемика по повод објавениот  текст  од Ѓ. Смокварски : Да ли и колку е виновна наставата по музичко воспитување? во в-к Просветен работник,Скопје,15 јан.1969 год.)

 

Библиографија  на стручни  текстови  за професионалната  активност   на  Стефан М. Гајдов :

 

а) Енциклопедии  и лексикони:

-  Muzička enciklopedija. Tom I.A - J. - Zagreb, 1958,str.760.[T.Si. str. 515,St.Gajdov].

-  Muzička  enciklopedija.Tom I,A ' Goz. - Zagreb, 1971, str. 713.[ D.Ov.,str.643 - 644, St. Gajdov ]

-International WHO ’ Y  WHO  in  Music and Musicians ’ directory.- Eighthedition. Ed. by  Adrian Gaster - Cambridge, 1977.- Melose Press,LTD.Cambridge,

England,1977.(Gajdov Stefan, str. 283)  

-  Leksikon jugoslavenske muzike.Tom I, A - Ma. -Zagreb, 1984,str. 599. [ St.Gajdovstr. 255 - 256, 348].

Das Grosse Lexikon der Music  in acht Banden,Vierte  Band. - Freiburg - Basel - Wien, Herder, 1987, S. 370. [ P.Janković : Jugoslavien,St. Gajdov, str. 270 - 273]

 -  МИ-АНова енциколпедија општа и македонска. Том I. -  Скопје,2006, стр. 498.[М.К. Ст.Гајдов стр. 282]

 

б) Монографски  публикации:

-   ЕДЕН ВЕК МУЗИЧКИ ЖИВОТ. Сто години Велешка гимназија.[ Зборник на реферати од Симпозиумот ] -Титов Велес,1961, стр. ...? [ Ст. Гајдов, стр.175]

-   Каракаш, Бранко : Музичките творци  во Македонија. - Београд, 1970, стр. 120.[St. Gajdov, str. 19]

 -  Ортаков, Драгослав : Музичката уметност во Македонија. - Скопје, 1982, стр. 196.[Ст.Гајдов на стр. 68,83,93 - 95,115 - 116].

-  ЕДЕН  ВЕК  МУЗИЧКИ  ЖИВОТ.40 години  на  Основното музичко училиште „Киро Димов“- Титов Велес. - Титов Велес, 1988, стр. 142. [Ст.Гајдов на стр.19 - 33,37 - 45,66 - 74]

 - Коловски, Марко : Сојуз на композиторите  на Македонија 1947 - 1992. Македонски композитори и музиколози -  Скопје,1993, стр.246.

-  Стефановски, Ристо : Театарот во Македонија, од Партизанскиот до Младинско - детскиот. - Скопје, 1998, стр. 914. [Ст.Гајдов на стр. 54,71,119,121 - 122, 128,179,387,548,551,621,637,786].

-  Kompozitori  i muzički  pisci  Jugoslavije. Članovi Saveza kompoziotora  Jugoslavije 1945 - 1967. Katalog. -  Beograd, SAKOJ, 1968, str.664.[ St. Gajdov, str.199 ]

 

 

 

 

Showcases

Background Image

Header Color

:

Content Color

: