По Ница, Емин Џијан и Дерик Меј во Мелбурн

Со овации од публиката заврши концертот на македонскиот музичар Емин Џијан и детроитскиот диџеј Дерик Меј во концертната сала „Акрополис“ во Ница.

Настапот беше во рамки на фестивалот за современа музика „Ова не е класика'', заедно со Симфонискиот оркестар на Кан, а го организираше македонската продуцентска куќа „Излет мјузик“.

Џијан и Меј изведоа електронска музика во придружба на Маријана Николовска на челеста и Ема Потевска на пијано. За техничкиот дел се погрижија Бојан Угриновски, тон мајстор, и Игор Иванов - Изи, светло мајстор и визуелни ефекти.

Следна дестинација на Џијан и Меј е Мелбурн, Австралија, каде во јануари, покрај Дерик Меј, ќе настапи и Џеф Милс.

 

 

 

Showcases

Background Image

Header Color

:

Content Color

: