Солистите на МОБ гостуваат на „Дубровнички летни игри“

Концерт на арии од операта „Кармен“ на Жорж Бизе ќе одржат солистите на Македонската опера и балет, денеска во рамките на фестивалот „Дубровнички летни игри“ во Кнежевиот дворец во Дубровник.

На концертот ќе настапат: Ирена Кавкалевска (мецосопран), Зоран Сотиров (тенор), Сандра Митровска (сопран), Марјан Јованоски (баритон), Катерина Стојановска (сопран), Марика Поповиќ (мецосопран), Дејан Стоев (тенор) и Драган Ампов (баритон).

Солистите ќе ги придружува Дубровничкиот симфониски оркестар под диригентската палка на Томислав Фаќини.

Настапот на нашите оперски пејачи е реализиран во соработка на министерствата за култура на Хрватска и на Македонија, МОБ и фестивалот „Дубровнички летни игри“.

 

 

 

Showcases

Background Image

Header Color

:

Content Color

: