Сопранот Ирена Крстеска блесна на сцената на виенскиот Спектакел

Македонската оперска певица Ирена Крстеска, која живее и работи во Виена, Австрија, блесна на сцената на театарот „Спектакел“ во Виена носејќи ја главната улога во операта „Така прават сите“ од Волфганг Амадеус Моцарт.

„ Ја добив главната улога, Фјордилиџи, во оваа опера во режија на Уши Хорнер. Другите улоги ќе ги интерпретираат пејачи од Латвија, Италија, САД, Португалија, Албанија, Мексико, Германија и Австрија. Станува збор за мултикултурен ентузијастички тим. Уши направи незаборевн концепт, па сигурни сме дека вниманието ќе го освоиме“, објаснува Ирена Крстеска.

Уши Хорнер на македонската публика и е позната како режисер на голем број опери изведени на сцената на МОБ. Хорнер, во Виена има работено и со познатиот режисер Роман Полански.

По предизвикот кој го носи улогата на Фјордилиџи, пред Крстеска се уште неколку важни настапи до крајот на годинава, меѓу нив и улогата во операта „Разделба“ од Трајко Прокопиев чија премиера ќе се одржи во Виена на есен, но и главаната улога во операта „Студентски просјак“ и во операта „Војвотката на чардашот“ на покана од Опера Фестивал Виен кога Крсетска победи на аудицијата.

 

 

 

Showcases

Background Image

Header Color

:

Content Color

: