Младинскиот женски хор „Стив Наумов”-Битола гостува на Корзика

Младинскиот женски хор на КУД „Стив Наумов“-Битола отпатува за Корзика каде до 27 јуни ќе приреди повеќе целовечерни концерти на познатиот француски остров.

Хористките од Битола ќе настапат во главниот град на Корзика - Ајачио, градот каде е роден Наполеон Бонапарта, потоа во Бастија и во туристички атрактивниот центар Порто, најави Љубомир Трифуновски, диригент на младинскиот женски хор при КУД „Стив Наумов“-Битола.

– На Корзика како да се одомаќинивме. Редовно добиваме покани, нашиот престој го организира хуманитарната организација „Пер а Паче“, и ние со задоволство престојуваме на островот. Годинава подготвивме посебна хорска програма, музика од познати светски класици, ренесанса, барокна музика, преработени македонски фолклорни мотиви и евергрини, потврди Трифуновски пред заминувањето за Корзика.

 

 

 

Showcases

Background Image

Header Color

:

Content Color

: