Четврто издание на фестивалот „Виолин фест“

На 12 јуни во Музејот на град Скопје, како и на 14 јуни во Големата сала на Општина Охрид, со почеток во 19 часот, ќе се одржи четвртото издание на фестивалот „Виолин фест“ на кој ќе учествуваат ученици од музичките училишта одСкопје,Битола,Штип,Кочани, Охрид, Прилеп, како и студенти од Факултетот за музичка уметност од Скопје.

Организатор на „Виолин фест“ и оваа година е виолинистот и концерт-мајстор на Македонската филхармонија, Владимир Костов, во соработка со Музичката младина на Македонија. Идејата да се одржи еден ваков фестивал кој треба да прерасне во традиционален, вели Костов, е желбата да се презентираат на едно место младите виолинисти од цела Македонија, без разлика на нивната возраст. Костов ги обединува успесите на учениците, нивните достигнувања, капацитетот, квалитетот и секако талентот, претставувајќи го при тоа и развојот на педагошката дејност во Македонија. „Виолин фест“ наедно нуди и отворање на концертната сцена и претставување пред поширок аудиториум на младите музичари за кои музиката е вистински предизвик.

 

Фестивалот се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Showcases

Background Image

Header Color

:

Content Color

: