Концерт на германскиот пијанист Штефен Шлаермахер на ДММ

На втората фестивалска вечер од 39. Денови на македонска музика, во Музејот на Град Скопје, концерт одржа германскиот пијанист и композитор Штефен Шлаермахер.

- Првпат во Македонија беа изведени значајни дела од некои од најважните композитори на 20 век, како Веберн, Штокхаузен, Месијан, како и од самиот пијанист, соопшти СОКОМ, организатор на фестивалот.

Меѓу осумте композиции на концертната програма, изведена беше и „Вечерен ѕвон“ на Гоце Коларовски од 1992 година, и уште две премиерни изведби на композиторите Александар Пејовски и Јана Андреевска, наградени на Конкурсот за нови музички дела на Министерството за култура. 

Пијанистот, композитор и промотор на фестивали и концерти Штефен Шлаермахер (Хале, 1960) во ЕУ Инфоцентарот одржа и предавање на тема „Композиција - случај или инспирација?“.

 

 

 

Showcases

Background Image

Header Color

:

Content Color

: