НОВОСТИ

Петто издание на „Виолин фест“

Во Музејот на град Скопје, в сабота (17 јуни), како и на 19 јуни во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип, ќе се одржи петтото издание на веќе традиционалниот фестивал „Виолин фест“, на кој ќе учествуваат ученици од музичките училишта од Македонија и од Косово.

Организатор на „Виолин фест“ и оваа година е виолинистот и концерт-мајстор на Македонската филхармонија, Владимир Костов, во соработка со Музичката младина на Македонија. Идејата да се одржи еден ваков фестивал е желбата да се презентираат на едно место младите виолинисти од цела Македонија, без разлика на нивната возраст.

Костов ги обединува успесите на учениците, нивните достигнувања, капацитетот, квалитетот и секако талентот, претставувајќи го при тоа и развојот на педагошката дејност во Македонија.

„Виолин фест“ наедно нуди и отворање на концертната сцена и претставување пред поширок аудиториум на младите музичари за кои музиката е вистински предизвик.

 

Фестивалот се реализира со поддршка на Министерството за култура на РМ.

Showcases

Background Image

Header Color

:

Content Color

: