Пролетна турнеја на дуо “Кировски“

Од 04.05 до 11.05 дуото КИРОВСКИ – Љубиша Кировски на виола и Маја Шутевска Кировска – пијано ќе одржи три концерти низ Република Македонија.

На 04.05 со почеток во 20 часот во Културниот Дом во Гевгелија

На 06.05 со почеток во 19 часот во хотел “Аполониа“ во Гевгелија

На 11.05 со почеток во 20 часот во Музеј на град Скопје

 

На програмата ќе бидат изведени и неколку премиерни дела

 

Ј. Брамс – Соната за виола и пијано бр.1

Ж. Глишиќ – Рондо за виола и пијано (премиерно)

Ф.Сај – Соната за виолина и пијано (премиерно)

И. Фролов / Г. Гершвин – Концертна Фантазија на тема на операта “Porgi i Bess“ ( премиерно)

 

На концертите во Гостивар и Гевгелија како камерен гостин ќе настапи Александра Кировска - гитара

 

Камерното дуо  Љубиша Кировски виолина/ виола и Маја Шутевска- Кировска пијано е оформено во 1993 г. Од основањето до денес дуото има реализирано бројни настапи  надвор од Македонија, Хрватска(Загреб, Осијек ,Ријека и Пула), СРЈ(Белград-БЕЛЕФ фестивал Нови Сад, Врњачка Бања, Подгорица), Полска(Варшава Краков; Лоѓ), Италија(Трст,Фиренца), Швајцарија(Лозана), Турската Република Северен Кипар(Беледијеси Фестивал), Бугарија, Лондон, Њу Јорк, Германија, и во Македонија Охридско лето, Златна Лира Скопско лето, Хераклејски вечери, Есенски Музички Свечености, Денови на Македонската музика итн) настапувајки секоја година со премиерна програма во Салонот 19,19.

Во 1997г. дуото специјализира на Европската Моцарт Академија во Варшава кај следните еминентни професори;Г. Такач, И. Роман, Г. Жислин, Г Самољотов, а кај професорите Павел Гилилов и Пјер Амојал на летната академија во Лозана се усовршувале за изведба на сонати за виолина и пијано, каде од професорите биле избрани меѓу трите најдобри дуа. Во 1998г. биле добитници на Специјалната награда на Ц.Е.И (Централно Европската Иницијатива), на Меѓународниот натпревар за камерна музика Трио ди Триесте, Италија.

Репертоарот на дуото опфаќа дела барокот до музиката на 20 век со над 50 сонати за виолина и пијано. Дуото посебно го негува македонското музичко творештво. Редовно изведувајќи дела од македонски композитори, од кои голем број на дела се посветени на дуото.Во 2011 година имаат концерти во Њу Јорк, Лондон И Скопје со дела од македонски композитори посветени на дуото, а во 2012 премиерно го изведуваат двојниот цонцерт за виолин и пијано од Димитрије Бужаровски со МФ кој е воедно и посветен на нив.

Во 1999 го имаат снимено својот прв компакт диск во живо од фестивалот Охридско Лето .

Во 2004 година ја добиваат наградата ;Златна Лира, за врвни уметнички достигнувања во 2003;година која ја доделува Сојузот на Музичките Уметници на Македонија.

Во 2005 година го снимаат својот втор компакт диск , во живо на фестивалот Есенски Музички Свечености.

Третиот троен компакт диск излегува во 2010-та година И содржи, три концерти снимени во  живо , од кои едниот е со дела од македонски композитори. 

Во 2014 година ја добиваат наградата  Виртуози  за најдобар камерен ансамбл во Македонија за 2013 година во која го прославија 20 годишниот јубилеј. Во 2015 година ја добиваат наградата Георги Божиков  која ја доделува СОКОМ за континуирана изведба на дела од македонски композитори во 2014 година.

 

 

 

Showcases

Background Image

Header Color

:

Content Color

: