Премиера на мјузиклот „Свирач на покривот“

 

Оваа година се навршуваат 49 години од постоењето на Факултетот за музичка уметност во Скопје чиишто завршени студенти сиве овие години заземаат значајно место во музичкиот живот на земјава, но и надвор од неа. По тој повод, на 9 декември во салата на Македонската опера и балет ќе се изведе мјузиклот „Свирач на покривот“ (Fiddler on the Roof), од американските автори –  композиторот Џери Бок и Шелдон Харник кој е автор на текстот, според книгата на Јосеф Штејн.

 

„Свирач на покривот“ е мјузикл во два чина, а неговото дејствие се случува во далечната 1905 година, во тогашна Царска Русија. Во центарот на случувањата е животот на Тевје со неговите пет ќерки, и неговите настојувања да ја одржи еврејската религија и еврејските културни традиции во своето семејството, постојано борејќи се со општеството и надворешните влијанија.

 

Учесници на мјузиклот се студенти од скоро сите катедри на факултетот, хорот „Драган Шуплевски“ подготвуван од проф. Сашо Татарчевски, и симфонискиот оркестар предводен од проф. Саша Николовски Ѓумар. Мјузиклот „Свирач на покривот“ е во режија на Цветан Стојановски, додека кореографијата е на Олга Панго.

 

Заради големиот интерес на публиката ќе се одржи и претпремиерата на претставата на 8-ми декември во салата на Македонската опера и балет, со почеток во 20:00 часот.

Премиерата на мјузиклот „Свирач на покривот“ ќе се одржи на 9 декември во салата на Македонската опера и балет, со почеток во 20 часот.

Влезот и на двете претстави е слободен. Резервации на места на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или 02/ 3 16 16 14 најдоцна до 6.12.2015 година, 16:00 часот.

 

Showcases

Background Image

Header Color

:

Content Color

: