Женскиот младински хор при МКЦ настапи со „Миса бревис, Лукс етерна“

Под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар од Скопје на 3 декември (четврток) одржа концерт со наслов „Миса бревис, Лукс етерна“ (Missa Brevis, Lux Aeterna) во МКЦ.

Програмата вклучуваше дела од францускиот композитор Лео Делиб и од македонскиот композитор Александар Пејовски, меѓу кои и една праизведба. Овој тип вокално-инструментални композиции кај нас многу ретко се изведуваат, така што концертот претставуваше несекојдневна можност публиката во Скопје да чуе музика од овој жанр.

Освен Женскиот младински хор, во изведбата учествуваа и гудачки оркестар и солисти, како и познатите музички уметници Марија Вршкова, Јанинка Невчева и Сара Мејс на челеста, органа и харфа.

Концертот се одржа со почеток во 20.30 часот во салата „25 Мај“ во МКЦ, а влезот беше слободен.

Женскиот младински хор при МКЦ веќе 43 години континуирано и успешно работи и е еден од најнаградуваните македонски хорски ансамбли на меѓународни хорски натпревари.

 

 

 

 

Showcases

Background Image

Header Color

:

Content Color

: