Оперската претстава „Травијата“ на сцената на МОБ

Во Македонската опера и балет во сабота, 14-ти ноември, ќе се одржи најпопуларната и најизведувана оперска претстава „Травијата“ на Џузепе Верди.

Претставата ја режираше гостинката од Бугарија, Нина Најденова. Насловната улога, Виолета Валери, (Травијата) за ПРВ ПАТ ќе ја толкува сопранот Билјана Талевска- Јосифов, Алфред Жермон ќе го толкува тенорот Зоран Сотиров, додека Жорж Жермон, ќе го интерпретира, баритонот Ристе Велков. Диригент е Иван Еминовиќ.

Настапуваат, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.

 

 

 

 

 

Showcases

Background Image

Header Color

:

Content Color

: